ЖЕНСКИ МУАБЕТИ - настан за размена на облека, модни додатоци и книги

Женски муабети – настан за размена на облека, модни додатоци и книги

Leaders Without Borders со задоволство го организираше својот прв настан „Женски муабети“, посветен на поврзување, споделување и инспирација меѓу жените во заедницата.

Овој настан беше уникатна можност за неформално дружење, размена на искуства и создавање нови познанства, во пријатна и поддржувачка атмосфера. Во фокусот е концептот на одржливост и повторна употреба, преку размена на облека, модни додатоци и книги.

Учесничките имаа можност да:

  • разменуваат облека, модни додатоци и книги кои повеќе не ги користат
  • откријат нови стилови и идеи
  • учествуваат во инспиративни разговори
  • запознаат нови луѓе и да изградат нови пријателства

Дополнително, настанот вклучи и интерактивен елемент – креативна игра која поттикна разговор, саморефлексија и нови перспективи, создавајќи подлабока поврзаност меѓу учесничките.

 

Зошто „Женски муабети“?

Настанот има за цел да:

  • промовира одржливи навики и одговорна потрошувачка
  • поттикне солидарност и заедништво
  • создаде безбеден простор за споделување и поддршка
  • охрабри активно учество и личен развој
Scroll to Top